– Му честитам на мојот драг пријател Мареј за освоениот трофеј на „Вимболдон“. Целиот турнир го одигра максимално борбено без грешка затоа стигна до тоа што најмногу го посакуваше – рече Ѓоковиќ.
– Притисокот беше огромен, но сега е се како од бајка. Минатиот гренд слем бев многу тажен, но сега се е поразлично – во транс зборуваше Мареј.
Со освојување на пехарот од лондонскиот гренд слем турнир Мареј е прв Британец после 1936 кој не дава пехарот да замине надвор од британскиот остров.