Охрид  е домаќин на  Конгрес на форензични науки што во организација на Институтот за судска медицина и криминалистика при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се одржува во х. Десарет.

Работниот дел на Конгресот кој свечено беше отворен синоќа, започнува денеска. Пред околу 300 учесници во наредните 4 дена предавања ќе одржат  еминентни експерти од областа на форензичните науки од државите од балканскиот регион, Европската унија и САД.

Јавноста кај нас знае малку за оваа медицинска област која бележи голем развој во последните неколку години.

Форензиката е заслужна за решавање на голем број случаи на убиства и криминал, а оваа професија  стана  мегапопуларна благодарение на телевизиската хит серија „Истрага на местото на злосторот“, како и серијата документарни филмови базирани на вистински приказни што се емитуваат на странските сателитски станици.

Г. Момироски