Премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање, вчера во Скопје, изјави дека истрагата за петкратното убиство оди во вистинска насока.

– Истрагата за петкратното убиство кај Смиљковци е во тек и според информациите кои ги добивам, напредува во вистински правец, рече премиерот Никола Груевски, изразувајќи надеж дека Министерството за внатрешни работи ќе успее да ги открие сторителите на овој грозоморен чин.

OhridNews