Доза на вакцината „АстраЗенека“, надополнета со втора доза на „Фајзер“, ги произведува најдобрите одговори на Т-клетките, како и подобар одговор на антителата, покажа најновото истражување на Универзитетот Оксфорд.
Примањето мешани вакцини, кога вакцината „Фајзер“ против Ковид-19 се дава четири недели по имунизацијата со „АстраЗенека“ ќе произведе подобар имунолошки одговор од втората доза на вакцината „АстраЗенека“, покажа истражувањето на Оксфорд, објавено вчера.

Овие податоци ја поддржаа одлуката на некои европски земји да почнат да нудат алтернативи на „AстраЗенека“ за втората доза, откако беше откриено дека е поврзана со појава на ретки тромбози.
Секако е охрабрувачки тоа што овие одговори на антителата и Т-клетките изгледаат добро при мешаното давање на вакцините, но треба да се користи начин што делива докажано, освен доколку не постои доволно добра причина за спротивното, изјави професорот на Оксфорд Метју Снајп, кој стои зад истражувањето.

Доза на вакцината „ AстраЗенека“ проследена со „Фајзер“ ги произведе најдобрите одговори на Т-клетките, а, исто така, и подобар одговор на антителата отколку во случајот на „Фајзер“ проследен со „АстраЗенека“, изјави Снајп.
OhridNews











