Еден од највпечатливите италијански вокали, Роберто Тиранти (Roberto Tiranti), доаѓа во Охрид заедно со врвна музичка екипа – спој на италијански шарм и балканска музичка енергија.
Очекувајте вечер исполнета со легендарни италијански хитови и незаборавни поп-рок класици, изведени со страст, виртуозност и многу емоции, порачува познатиот италијански музички уметник.
На сцената со него ќе настапат маестрални музичари предводени од охридскиот виртуоз на гитара Дамјан Пејчиноски заедно со Гордан Спасовски – клавијатури, Горан Гешовски – бас, Зоран „Конга“ Јагоридовски – перкусии и Дино Милосављевиќ – тапани.
Роберто Тиранти и извонредниот бенд предводен од Дамјан Пејчиноски во Охрид ќе имаат два настапи, на 19 јуни на плажата Куба Либре и на 20 јуни во клубот Харбор.
Не пропуштајте два ексклузивни настапи. Влезот е ограничен – резервирајте на време и препуштете се на ритамот, емоцијата и врвната музика.
OhridNews