Голгетерот на Лацио, Чиро Имобиле изби на врвот од листата стрелци во трката за „Златната копачка“ во фудбалска Европа. Имобиле со погодокот во триумфот на Лацио против Бреша (2-0) го симна од првото место напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски. Единствена закана за Имобиле е Кристијано Роналдо кој има 31 погодок, но треба да се напоменe дека во „калчо“ лигата останува уште една рунда.

Трката помеѓу Имобиле и Роналдо значи дека „Златната копачка“ за сезоната која полека завршува ќе дојде од Серија А. Последен пат најдобриот стрелец во Европа од Италија бил во сезоната 2006/07, кога со 26 погодоци наградата ја освоил Франческо Тоти. Пред легендата на Рома, наградата ја освоил Лука Тони со 31 погодок.

Изминативе години наградата „Златна копачка“ завршувала кај Роналдо (4) и Лионел Меси (3), помеѓу нив по еднаш наградата ја освоиле Диего Форлан и Луис Суарез.

OhridNews