После апстинирањето од Светското првенство во Русија, селекцијата на Италија помеѓу првите го осигура учеството на Европското првенство кое ќе се одржи во 12 земји следната година. „Азурите“, предводени од селекторот Роберто Манчини победија на седумте мечеви кои ги одиграа квалификаците.

 

За успешните квалификации и препородувањето на италијанската репрезентација Манчини автоматски беше награден со нов договор без било какви преговори. Искусниот стратег на клупата од „азурите“ најмалку ќе се задржи до 2022 година кога во Катар ќе се одржи Мундијалот.

На континенталниот собир следната година, Италија ќе атакува на второ злато после 1968 година. Италијаните најблиску до второ злато од ЕП беа во 2000 година кога во финалето изгубија од Франција после златниот гол на Давид Трезеге.

OhridNews