Пријатно изненадување за сите дами со префинет вкус. Во срцето на Охрид, во рамки на некогашниот познат локал „Мецо Форте“, на улицата Цар Самоил 8, започна со работа новата Арт Галерија „VeraPelle“, во која ќе најдете голем избор на кожни италијански чанти изработени во Фиренца.

Освен женски чанти од сезоната 2018/2019, во богатиот асортиман на продавницата се и машки чанти, привезоци за клучеви, паричници, нотеси со кожни рачно изработени корици, свилени марами, како и уметнички слики од познати македонски и странски автори.

По повод отворањето на продавницата, на 24, 25 и 26 мај, купувачите ќе имаат можност да ги купат производите со 20% попуст. Арт Галеријата „VeraPelle“ работи секој ден од 9 до 21 часот.

Од менаџментот на продавницата најавуваат дека наскоро ќе се воведе и интернет продажба на нивните производи.

OhridNews