Италијанскиот претседател бара гаранции дека сите патишта во земјата се безбедни
19.08.18 11:01
Италијанскиот претседател, Серџо Матарела побарал гаранции од надлежните дека сите национални патишта се безбедни. Ваквото барање на Матарела следува по катастрофалната несреќа во близина на Џенова каде се сруши надвозник на автопатот „А10“.
При падот на мостот на автопатот во Џенова животот го загубија најмалку 43 лица.
Претседателот Матарела вчера заедно со премиерот Џузепе Конте, лидерите на владејачките партии, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини, како и повеќе министри присуствуваа на погработ на жртвите од несреќата.
Присутните на комеморацијата ги поздравија тимовите и пожарникарите кои учествуваа во спасувањето. Семејствата, пак, на дел од жртвите решија да не учествуваат на погребната церемонија која се одржа во Џенова. Дел од родителите на жртвите сметаат дека станува збор за убиство, а како одговорна ја посочуваат државата.
Вчера италијанскиот оператор кој беше надлежен за безбедноста на автопатот „А10“, вклучувајќи го и надвозникот кој во втрникот се сруши во близина на италијанскиот град Џенова, соопшти дека обезбедил 500 милиони евра помош за Џенова да закрепне од катастрофата.
Како изгледале ранохристијанските базилики на Плаошник и Студенчишта во полн сјај пред 1500 години Одговорот денес не е само во археолошките книги, туку и пред очите на посетителите – преку 3...
На 12112026 во 18:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во куќа, сопственост на 41 и 52-годишни лица од охридското село Долно Коњско Повредени лица нема, а интервенирала Територијал...
Запленети се 734 кубни метри дрва и поднесени се 147 прекршочни и кривични пријави во интензивираните акции на Шумската полиција, кои се спроведуваа во текот на октомври, против бесправната сеча, т...