Италија ја совлада Англија на пенали со 4-2 и се пласираше во полуфиналето од Европскиот шампионат во Полска и Украина.


“Аѕурите“ беа подобар тим во сите 120 минути, креираа многу повеќе шанси за гол, но не успеаа да го скршат бедемот пред Харт.

Нјаблиску до погодок беа Де Роси, Балотели, Монтоливо, додека дефанзивно ориентираните англичани најубавата можност ја имаа во 5 минута кога Џонсон од непосредна близина не го совлада Буфон.

Ниту еден од 20- те упатени удари во голот на Харт не ја погоди целата, по што пеналите мораа да го дадат победникот.

По успешниот прв круг за Италија погоди Балотели, за Англија Жерард. Првиот промашен пенал беше дело на Монтоливо, Руни погоди за водство од 2-1.

Супер пеналот на Андреа Пирло само ја покажа самодовербата која ја имаа “аѕурите“. Најслабиот поединец во таборот на Хоџсон , Ешли Јанг ја погоди гредата и повторно беше егал.

Ночерино беше сигурен, и одговорноста падна на плеќите на уште еден Ешли. Но Кол не го издржа притисокот биеше млако, а неговиот удар беше лесен плен за италијанскиот број еден Буфон.

Прандели , во финишот на вториот дел наместото на Касано, го уфрли Дијаманти. Токму овој фудбалер му возврати на селекторот за довербата и прецизно го реализираше петтиот пенал што значеше среќен италокрај на драмата и пласман во полуфиналето.

Во полуфиналето во четврток Италија ќе игра против Германија.