Она што не им успеа од игра, им успеа од прекин. Андреа Пирло во финишот на првиот дел ја совлада хрватската единица, како награда за сиот труд.
Но наместо да продолжат во исти ритам и во вториот дел, “аѕурите“ застанаа, им оставија доста простор на хрватските напаѓачи. “Фрчеа“ центаршутеви пред голот на Буфон, а Кјелини, Бонучи и Де Роси, добро се справуваа се` до 72 минута.
Токму по еден центаршут, Кјелини лошо го процена летот на топката, Манџукиќ имаше доволно време и простор, се намести и упати силен удар кој од дирекот заврши зад грбот на Буфон.
По овој гол, темпото падна и до крајот на мечот ниту едните, ниту другите не создадоа посериозно прилика.
По две одиграни рунди Хрватска има четири бода, додека Италија има два. Во последната рунда, Италија игра против Ирска, а Хрватска за противник ја има Шпанија.