
Ова било истакнато по средбата на градоначалникот Александар Петрески со бизнисмени од Италија кои викендов престојуваат во Охрид.
Италијанската делегација ја предводи професорот и познат уметник Винченцо Бјанки кој пак најави отворање на негов музеј или уметничка академија во Охрид на кој ќе му подари 200 уметнички дела на автори од Европа и Јапонија. Винченцо Бјанки е автор на фреските во Католичката црква во Охрид и денеска ќе присуствува на нејзиното осветување.
Во знак на благодарност и пријателство на Бјанки му е доделен „клучот“ на градот, а охридскиот градоначалник Петрески очекува дека разговорите со италијанската бизнис делегација ќе вродат со плод.
ohridnews











