Италијански свештеник на почетокот од септември ќе организира „Мис на калуѓерки на Италија“, прв натпревар во убавина за калуѓерки.

Калуѓерките кои сакаат да учествуваат на натпреварот ќе мораат да му испратат своја фотографија на отец Антонио Рунги од Мондрагеон, на југот на Италија, кој ќе ги објави на неговиот блог.

Корисниците на интернет ќе можат да ги гледаат и да гласаат за омилената калуѓерка.


„Мислите дека сите калуѓерки се стари и тажни? Денес тоа повеќе не е така, благодарение на младите калуѓерки, полни со живот, кои доаѓаат од странство“ – објаснува организаторот.

„Има калуѓерки од Африка и Латинска Америка, кои навистина се многу убави. Особено бразилките…“ –  додава тој.

„Калуѓерките ми предложија да го организирам овој натпревар“ – вели свештеникот, кој очекува скоро 1.000 кандидатки.

„Се надевам дека наредниот натпревар нема да се одржува преку интернет, туку ќе може да се одржи во живо, да речеме за време на натпреварот за Мис Италија“ – додава Рунги.