Во посета на Општина Охрид, вчера престојуваше италијанскиот амбасадор, Карло Ромео. Тој оствари средва со градоначалникот Бакрачески кој го запозна високиот гостин со актуелната ситуација со Општина Охрид и активностите на градската власт.

Амбасадорот Ромео ја истакнал подготвеноста на Италијанската амбасада да учествува во поддршката на културните манифестации и промоција на Охрид, како и поттикнување на културната соработка помеѓу Македонија и Италија. На средбата Бакрачески ја посочил одличната соработка со италијанскиот град Исео, во заедничкиот проект на градови со езера.

OhridNews