Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд во името на Чиро Имобиле експресно најде замена за Роберт Левандовски, кој го засили Баерн Минхен.

24-годишниот италијанец кој сезонава настапуваше за Торино вниманието кон себе го привлече откако заврши на врвот од листата на стрелци со 22 голови.

Италијанските гиганти загризаа за неговите услуги, но германците беа побрзи и доста прецизни и го ангажираа фудбалскиот бисер.

Мх.П.