Познатиот италијански сликар и хуманист Винченцо Бјанки , на денешната средба со градоначалникот Александар Петрески и неговите соработници , најави дека ќе иницира нов културен проект , со кој Охрид ќе се вброи меѓу европските културни метрополи на современата уметност.


–    Во Охрид се чувствувам како дома и со гордост ја носам титулата  почесен граѓанин на овој свет град. Заедно со градоначалникот Александар Петрески успешно ја продолжуваме започнатата соработка и се надевам дека успешно ќе завршиме уште еден голем проект од областа на уменоста, рече на средбата Винченцо Бјанки.


Градоначалникот Александар Петрески се заблагодари за досегашната соработка со овој светски познат сликар и хуманист, додавајќи дека како прв човек на Охрид , заедно со Локалната самоуправа ќе се ангажира за создавање услови за брза реализација на проектите и идеите на италјанскиот уметник.

OhridNews