Во организација на Секторот за ТЛЕР и неколку истакнати охридски хотелиери, вчера, градоначалникот Никола Бакрачески имаше работна вечера со претставници на италијански тур-оператори и туристички агенции и гости, кои претстојуваат во Охрид. Пред гостите од Италија преку видео презентација беа претставени туристичките потенцијали на градот и поволностите што Република Македонија ги дава на потенцијалните партнери во привлекувањето на странски туристи.

Оваа иницијатива е резултат на неколку годишната соработка на хотел Гранит со италијанскиот партнер и претставува можност за презентација на Охрид на туристичкиот пазар во Италија и привлекување на повеќе гости од оваа медитеранска земја.

Италијанските туристички работници истакнаа дека Македонија и Охрид, за просечниот италијански турист е дестинација која се уште се открива. Според нив, туристичките вредности што ги поседува Македонија и Охрид, заслужуват поголемо внимание и ја искажаа својата увереност дека во иднина туристите од Италија значително ќе го зголемат своето присуство во Охрид.

OhridNews