– Во меѓувреме, службите на Итната помош се должни да обезбедат соодветен и навремен технички преглед, сервисирање и соодветно да се грижат и да ги одржуваат возилата што ги имаат за да бидат во исправна состојба. Самите ЈЗУ, исто така, можат да набават нови возила и со сопствени средства, доколку во буџетот и во планот за јавни набавки има планирано набавка за тоа возило, нагласува Ангеловска.
ЈЗУ Здравствен дом располага со возила кои се стари неколку децении и постојано се расипувааат. Како што неодамна изјави директорот на оваа здравствена установа, Митко Дабески, возилата постојано се поправаат, а испратено е и барање до министерството за здравство за доделување на минимум две нови возила за потребите на итната служба.