Поради снежните врнежи, Локалната самоуправа апелира до граѓаните, моторните возила да ги тргнат од тротоарите, за да може надлежните служби да ги исчистат и да обезбедат нормално движење на пешаците.
Исто така граѓаните треба да ги тргнат моторните возила од коловозите, со што ќе се овозможи чистење на снегот и нормално одвивање на сообраќајот.
Доколку не се почитуваат предупредувањата, надлежните органи, против несовесните граѓани ќе поднесат соодветни пријави, а возилата на трошок на сопствениците, ќе бидат отстранети, информираат од Локалната самоуправа.











