Активистите на неформалната еколошка организација Чист Охрид, иако како заложба го имаат фокусот на унапредувањето на животната средина, не го изоставуваат и квалитетот на живот кој мора постојано да се унапредува. Тие реагираат на несовесниот однос на возачите кои редовно возилата непрописно ги паркираат на велосипедските патеки и тротоарите, оневозможувајќи безбедно одвивање на сообраќајот за сите учесници.

Силно ги поздравуваме заложбите на локалната власт за создавањето нови велосипедски патеки, но, нивниот концепт мора да се унапреди и доработи. Имено, повеќе од два месеци, новите вело-патеки низ градот не се целосно завршени. Освен обележувањето на патеките, ситуацијата на улиците каде што се наоѓаат е идентична како порано. Како организација бараме под итно поставување на столпчиња на патеките, со цел заштита на животот и поголема безбедност на велосипедистите во градот кои се еднакви учесници во сообраќајот.

Од Чист Охрид бараат локалната власт во иднина да работи на подобрувањето на велосипедската инфраструктура во градот.

OhridNews