„Соларен саем Охрид“, ќе се одржи денеска, 22 јуни од 17:30 до 20:30 часот на Градскиот плоштад во Охрид.

Настанот има за цел да ја приближи темата за соларната енергија и обновливите извори до граѓаните преку информативни и интерактивни активности. Посетителите ќе можат да се информираат за фотонапонски системи, придобивките од користење соларна енергија, како и концептот на просумер, велат од Центарот за климатски промени# организатор на настанот.

На саемот ќе бидат поставени штандови од компании и организации од секторот, како и интерактивни демонстрации и едукативни активности за деца.

OhridNews