Германскиот првак Баерн Минхен во своите редови го доведе Иван Перишиќ. Хрватскиот репрезентативец во Минхен ќе се пресели како позајмен фудбалер од италијанскиот клуб Интер.

„Баварците“ на „нероазурите“ за позајмицата ќе му исплатат 5 милиони евра а следната сезона ќе имаат обврска да го откупат неговиот договор за 20 милиони евра. Перишиќ не беше омилен кај новиот тренер Антонио Конте и трансферот односно заминување од Интер беше прашање на време.

Перишиќ четири сезони го носеше дресот на Интер а претходно беше дел од Волфсбург и Борусија Дортмунд. Во Германија се пресели од тимот на Клуб Бриж. Хрватот беше една од главните алки на „коцкастите“ во освојувањето на сребрениот медал на Мундијалот во Русија.

OhridNews