Познатиот хрватски тренер, и поранешен селектор на Иран и тренер на хрватската репрезентација и НК Динамо (З), Бранко Иванковиќ, на негово барање вчера се сретна со претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи- Ристески со кого разговараше за актуелниот избор за селектор на македонската фудбалска репрезентација.
Иванковиќ беше запознаен со моменталната состојба во националниот тим и ФФМ, шансите за освојување на второто место во квалификациската група за СП, условите за работа како и финансиските можности на ФФМ за ангажирање на наследник на Сречко Катанец.
Од своја страна хрватскиот стручњак ги изнесе своите видувања за квалитетите на македонскиот фудбал, потенцијалот на националниот тим и изрази подготвеност да застане на кормилото на репрезентацијата на Македонија.
– Мислам дека македонската репрезентација располага со квалитетни играчи и преку дуелите пред се со Хрватска и неколку други европски селекции покажаа дека може да постигнува добри резултати. Во ваква ситуација најважно е да се врати атмосферата во тимот и пред се самодовербата кај играчите. Моето искуство е големо, сум играл против големи селекции и верувам дека можам сето тоа да го вградам во играта на македонскиот тим. Задоволен сум од приемот во ФФМ, и од разговорите со раководството на чело со г-динот Хаџи-Ристески кој не сакаша да крие ништо од мене туку ми ја изнесе фактичката состојба и ризиците со кои би се соочил идниот селектор- изјави за македонските медиуми Иванковиќ, кој со приватен авион пристигна во Скопје и веднаш по разговорите ја напушти Македонија.
Веќе при првиот разговор со луѓето од клубот, а особено со градоначалникот Кирил Пецаков, ја почувствував искрената желба, сериозната амбиција и големата љубов кон ракометот Таа енергија веднаш ме ...
Градскиот ракометен клуб Охрид денеска ги започна подготовките за натпревачката сезона 2025/26, во која клубот влегува мотивирано со сериозни амбиции Започнува миниум 3 годишниот проект кој го пред...
Фудбалерите на Охрид денес играат контролен натпревар со екипата на Трајал од Крушевац Натпреварот е во рамки на подготовките за новата сезона 2025/26 Натпреварот ќе се одигра со почеток во 18 часо...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.