Покрај сите напори кои Фудбалската федерација на Македонија, навивачите не “попуштија“ и продолжија со неспортското навивање по што прекинот на беше неизбежен.
– Искрено да кажам дека Фудбалската федерација на Македонија заедно со управите на двата клубови ги презедоа сите мерки за одигрување на едно финале како што му доликува на македонскиот фудбал. Плановите кои претходно беа зацртани со двата клубови не ги остваривме поради недоличното однесување на навивачи кои се анти љубители на фудбалот. Тие несовесни навивачи не само што го расипаа финалето во Купот на Македонија него и ги спречија останатите кои покрај лошото време најдоа простор и време да го проследат финалниот натпревар – посочи охриѓанецот Иваноски.
Првиот “мал“ и незабележителен прекин беше на интонирањето на македонската химна, која навивачите на Шкендија ја исвиркуваа. Вториот прекин се случи во 13-та минута од играта, кога играчите за прв пат беа повлечени во соблекувалните. По третиот прекин кога навивачите не бираа зборови во навиваањето, товарот за одлуката што ќе се случи со финалниот меч од Купот падна врз плеќите на охридскиот делегат, кој во ниеден момент не подлегна на еуфоријата која го носи фудбалот во дерби пресметки од големо значење.
– Многу е тешко да се донесе рационална одлука кога времето за тоа е максимално ограничено. Во тие моменти неможиш да ги согледаш сите факти и да донесеш правилна одлука, а потоа да нема оштетени страни. Сакам да им се заблогадарам на двајцата тренери кои покрај големата желба за игра во финалето останаа со ладни глави, размислуваа трезвено и целосно застанаа зад мојата конечна одлука. По вториот прекин одлуката за крај на натпреварот беше веднаш донесена, но да се избегне тензија на трибините беше соопштена десет минути подоцна. Како преставник од Фудбалската федерација на Македонија, а и како делагат на средбата бевме премногу толератни со навивачите. Прво им се обративме преку нашиот официјален спикер на Арената “Филип Втори“, потоа ги повикавме двајцата капитени да им се обратат но и тоа не вроди со плод. Кога навивачите ги исцрпија сите кредити за нормално одигрување на натпреварот ние бевме приморани да го направиме непопуларен потег, но неизбежен. Санкциите кон клубовите треба да ги заборавиме бидејќи тие и пред почетокот на мечот им се обратија на нивните навивачи да бидат коректни и да навиваат за нивната екипа, а не контра другата – истакна Иваноски.
На финалниот натпревар од Купот на Македонија навивачите и фудбалерите ги сменаа улогите. Место фокусот да биде на теренот, сите погледи беа в перени на трибините.
– Недоличното однесувањето на навивачите на финалниот натпревар од Купот на Македонија не ја расипува сликата за фудбалот во нашата земја. Некои навивачки групи очигледно дека фудбалските натпревари ги користат да реализираат од своите замисли и да ги излечат фрустрациите од нивниот живот на трибините. Во иднина соработката на ФФМ со Минестерството за внатрешни работа ќе биде на повисоко ниво за да се истребат тие што преставуваат зло за фудбалот во нашата земја – смета Иваноски, кој е во Управниот одбор на ФФМ.
По прекинот “второто“ полувреме од финалето во Купот ќе се одигра в недела на “Филип Втори“ пред празни трибини, што ќе биде најголема казна за вистинските љубители на фудбалот.
– Како долгогодиштен спортски работник се надевам дека МВР во соработка со ФФМ и останатите структури во државата ќе најдат соодветен начин сите кои повеќе му сметаат отколку помогаат на фудбалот да ги отстранат од стадионите за вистинските љубители на фудбалот да можат да уживаат во неговата магија – потенцираше Иваноски.
Недоличното однесување и навивањето на национална основа во сите спортови преставува глобален проблем за спортот и вооошто во Македонија.
– Во последните неколку месеци ФФМ макотрпно работи на овој проблем, кој е се поголем во Македонија. Од сега понатаму испадите на навивачите како што беше случај во финалето од Купот ќе бидат санкционирани со остранување на публиката или прекинување на натпреварот. Курсот на федерацијата е тој, за доброто фудбалот во иднина ќе се делегираат поискусни делагати кои нема да потпаднат под притисок во тензични натпревари за доброто на фудбалот во Македонија – заврши Иваноски.