Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите христијани, по повод големиот празник раѓањето Христово – Божиќ.

– Во деновите кои следат ќе го славиме животот, семејството и новите почетоци. Ова е период од годината кога во духот на Евангелието треба да пронајдеме сили и да ги надвладееме суетите и искушенијата, простувајќи си едни на други. Верувам дека Македонската православна црква како најголема христијанска заедница во Република Македонија и во иднина ќе ја исполнува својата улога во нашето општество, ширејќи ја пораката за простување, помирување и за сплотување. Ако сакаме да градиме општество на почитување и на достоинство треба да научиме да подадеме рака и да го отвориме срцето со искреност и доверба едни кон други. Ваше Блаженство, од првиот ден на Божиќ, нашиот заеднички пат да биде вербата во Бога, почитувајќи ја и препознавајќи ја искреноста и доброљубието во нас, стои во честитката на претседателот Иванов.

Честитајќи го големиот христијански празник, Иванов на верниците им посакува добро здравје и духовен мир, со отворено срце да се прослави радосната вест за раѓањето на Господ Исус Христос.

OhridNews