Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, апелира до сите граѓани да му кажат не на насилството и да не дозволат да бидат испровоцирани. 

Во нашето општество веќе нема место за поттикнување етнички судири и нетрпеливост. Сите ние со болка се сеќаваме на горчливиот вкус на конфликтите кои ни се случија пред повеќе од една деценија. Заедно го надминавме тоа, свртевме нова страница, зацртавме нов почеток, рече претседателот Иванов.

Како што истакна Иванов, граѓаните од сите етнички заедници во Македонија, како и со векови досега, сакаат да живеат во мир, заемно почитување и помагање. Сите што се служат со насилство, без разлика на мотивот, ќе платат скапа цена и ќе ја добијат заслужената казна од системот, порача Иванов.

OhridNews