Писмото од Собранието на Република Македонија е пристигнато во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, вчера на 09.05.2017 година. Претседателот Иванов очекува од лидерот на СДСМ да го исполни јавно искажаниот збор дека: „заедно со коалиционите партнери ќе обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата и дека сè ќе биде во согласност со Уставот на Република Македонија”.

Претседателот Иванов останува на ставот дека таканаречената платформа од Тирана, ниту кој било друг документ, акт или дејствие спротивни на Уставот на Република Македонија, не може да биде услов, ниту пак основа за формирање и дејствување на Влада во Република Македонија.

Македонскиот претседател во однос на определување мандат, ќе постапи согласно Уставот и досега воспоставената практика.

OhridNews
Макфакс