По добивање на официјално известување од страна на Собранието на Република Македонија, дали мандаторот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада на Република Македонија, претседателот Ѓорге Иванов ќе почне консултации со надлежните институции и политичките партии, велат од кабинетот на претседателот Иванов.
„Со оглед на истекот на утврдениот рок во членот 90 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија е должно да го извести Претседателот на Република Македонија, дали мандаторот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада“, соопштуваат од кабинетот на Претседателот.
Инаку, на полноќ, истече рокот на мандатарот Никола Груевски за формирање влада, кој не успеа да се договори со стариот коалиционен партнер, ДУИ за формирање нова влада.
OhridNews
извор Макфакс