Да си простиме и да се сплотиме околу државните интереси додека не е доцна, порача Претседателот Ѓорге Иванов на свечената академија по повод 25 години независност на Република Македонија. Додека на 20-годишнината од независноста сплотени и единствени се радувавме на независноста, овој јубилеј не затекна раскарани и поделени со меѓусебна омраза и недоверба, рече Иванов. Говорејќи за предизвиците во НАТО и ЕУ итеграцијата во изминатите години, тој рече дека нашите стратешки цели, кои на почетокот не обединувале, со блокадите почнале да не фрустрираат. Блокираните процеси и изгубените години предзивикаа длабоки политички криза во кои станавме заложници на гнев и нетрпеливост кон политичкиот противник. Кризи во кои се поделивме, рече Иванов.

Претседателот додаде дека дијалогот од државните институции е преселен во амбасадите на странските држави.

„Го погазивме заветот кој си го дадовме кога прогласивме независност, завет заедно и сплотени да ја градиме дражавата. Оваа година во која кулминираше политичката криза беше можност за општествена катарза за прочистуавње на општеството од неодговорносот, омраза и нетрпеливосот натоложени во изминатиот четврт век. Оваа јубилејна година требаше да биде нов почеток, но наместо тоа продолживме да тонеме во калта на реваншизмот. По многу одлагање на 11 декември конечно треба да се одржат избори, не е важно кој ќе победи, поважно е како ќе мине изборнот процес, а најважно е она што ќе следи по декември. Изгубивме скапоцено време“, рече Иванов.
По изборите закажани на 11 декември тој рече дека новата влада ќе има големи задачи на повеќе полиња. Во услови на блокирани европски и евроатлантски интеграции, неопходно е Македонија да направи стратегиско свртување кон внатре, рече Иванов.

Тој порача на идните поколенија да им оставиме држава во која ќе бидат слободни и во која со голема радост ќе чекаат и прославуваат уште многу јубилеји, родендени на независноста на Република Македонија.