Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов ги започна консултациите со надлежни институции и политички партии.
Денеска Иванов ќе оствари средба со претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Никола Ивановски, а вчера, македонскиот претседател остварил средба со амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската унија во Република Македонија, на која се разговарало за актуелната политичка ситуација во земјата, при што амбасадорот Жбогар ги пренел ставовите на Европската унија во врска со ова прашање.