
„Постои оптимизам за надминување на актуелната политичка криза во Македонија. Ги повикувам сите учесници во политичкиот дијалог во следниот период да се однесуваат разумно и одговорно. Очекувам од нив посветен, одговорен и доследен пристап кон дијалогот за да се врати политичката стабилност во Република Македонија.
Граѓаните на Република Македонија очекуваат политичка зрелост и подготвеност за институционално решавање на сите предизвици, согласно Уставот и законите на Република Македонија. Граѓаните очекуваат резултати и одржливи решенија. Тоа го очекувам и јас.
Сите треба да постапуваат исклучиво во интерес на граѓаните и на државата, Република Македонија.
Вклученоста на Европската унија во овие разговори недвосмислено покажа дека европската и евроатланската агенда на Република Македонија е главен приоритет во државата. Приоритет кој ги обврзува политичките лидери да работат за достигнување на европските критериуми, стандарди и принципи.
Граѓаните на Република Македонија го очекуваат тоа од лидерите на политичките партии. Тоа е нивна исклучителна обврска кон граѓаните.“- се вели во писмената изјава на Иванов.
OhridNews










