Претседателот Ѓорге Иванов, во вила „Билјана“ во Охрид ги прими членовите на македонската кошаркарска репрезентација.
Тој рече дека неуспехот да се пласираат на претстојните Летни олимписки игри во Лондон, не треба да влијае на идните активности на македонската кошаркарска репрезентација.
„Напротив, ова нека биде дополнителен мотив за идните ваши победи и успеси, рече претседателот Иванов. Македонските граѓани никогаш нема да ги заборават моментите на среќа кои вие ги приредивте на нашата нација на последното европско првенство во Литванија. Секогаш ќе бидеме со вас, и во поразите и во победите“ заклучи претседателот Иванов.
На средбата се разговараше за идните планови и активности на македонската кошаркарска репрезентација, во пресрет на Европското првенство во Словенија, што ќе се одржи наредната година.
“макфакс“
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com