Поради актуелната политичка состојба во земјата и тензиите меѓу ЕУ и Турција за прекин на договорот за мигрантите, претседателот Ѓорѓе Иванов одлучи да не ја реализира предвидената посета на Австралија.

Во рамки на посетата предвидени беа средби на македонскиот претседател со државниот врв на Австралија- со генералниот гувернер, премиерот, спикерот, претседателот на Австралискиот Сенат, со претставници на македонско-австралиската група на пријателство во Парламентот на Австралија, како и со претставници на македонската заедница во Австралија.

OhridNews