На средбата на македонскиот претседател со Емирот на Катар ќе бидат разгледани билатералните односи меѓу двете држави и ќе бидат разменети мислења за ситуациите во регионот, на блискиот Исток и Северна Африка, како и регионот на Балканот. Особен акцент ќе биде ставен на развојот и унапредувањето на економските односи меѓу двете држави, односно зголемување на трговската размена како и можноста за директни катарски инвестиции во македонското стопанство, информираат од Кабинетот на претседателот.
За време на посетата претседателот Иванов ќе го одликува шеикот Хамад Бин Калифа Ал Тани, Емир на Државата Катар со орден „8-ми Септември“ за заедничките заложби во афирмацијата на дијалогот меѓу цивилизациите и религиите и соработката со Република Македонија на тој план, како и за особениот придонес и посветеност кон развојот и унапредувањето на односите меѓу Државата Катар и Република Македонија.
Во рамки на посетата на Емирот на Катар ќе бидат потпишани неколку билатерални договори од областа на културата, образованието, како и од економската сфера.