Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, утре ќе го посети Центарот за обука на вода во Охрид, јавува „Фокус“.
„Македонскиот претседател, придружуван од Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески ќе се запознае со капацитетите, работата и извршувањето на задачите на овој центар, при што ќе се сретне со припадници на полкот за специјални операции на АРМ кои изведуваат обука во Центарот за обука на вода“, стои во соопштението од претседателскиот кабинет.
OhridNews
извор: „Фокус“