
„Претседателот Иванов оценува дека е недозволиво несериозното однесување и немањето чувство за одговорност и државност. Не може да се избегнуваат обврските од договорот, а со тоа да се доведe во прашање европската и евроатлантската перспектива на Република Македонија, како и просперитетот на граѓаните на Република Македонија.
Република Македонија, нашиот регион и Европа се соочуваат со сериозни предизвици. Она што најмалку ни е потребно денес е продлабочување на политичката криза.
Претседателот Иванов изразува благодарност за севкупниот ангажман на меѓународната заедница, особено на еврокомесарот Јоханес Хан со цел спроведување на политичкиот договор, и ја поздравува подготвеноста на ЕУ за обезбедување на целосна поддршка и гарантирање на слободни и фер избори.
Граѓаните на Република Македонија им ја дале довербата на политичките партии, не за да бидат заложници на нивните интереси и заложници на политички блокади, туку затоа што очекуваат партиите свесно и совесно да работат во интерес на државата. Граѓаните на Република Македонија очекуваат резултати, одржливи решенија и крај на оваа политичка криза.“- се вели во соопштението од кабинетот на претседателот Иванов.
OhridNews











