
Оваа традиционална манифестација, годинава се одржува по 15-ти пат. Покрај студентите од овој универзитет, во спортските натпревари, свое учество ќе земат и студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Американскиот колеџ од Скопје и Европскиот Универзитет. Тие ќе се натпреваруваат во мал фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, шах и пинг-понг.
Како гости на овој најголем младински спортски собир во Македонија се поканети студенти од неколку балканските земји.











