Македонскиот образовен систем треба да ги почитува европските стандарди, изјави денеска во Охрид претседателот Ѓорѓе Иванов, одговарајќи на новинарско прашање во врска со предлогот за воведување на екстерно образование во високото образование.
-Како се приближуваме кон Европа, така треба да применуваме европски стандарди и вредности. Нашето образование е дел од европскиот образовен простор и мора со сите тие критериуми ние како држава да се соочуваме.-изјави претседателот Иванов.
Иванов денеска во Охрид присуствуваше на свеченоста на плажата пред хотелот „Инекс“ по повод поставувањето на „Бело знаме“, што претставува меѓународен симбол на еколошки чисто крајбрежје.
Г.М.