Ова го изјави претседателот Ѓорге Иванов на денешната неформална средба со лидерите на политичките партии во Катланово.
Иванов, коментирајќи ги последните заплени на поголемо количество оружје кај Блаце и Радуша, рече дека некои структури упорно се обидуваат да го прекршат законот и за нив ќе следат соодветни санкции.
На лидерската средба присуствуваа Никола Груевски, Али Ахмети и Бранко Црвенковски, додека Имер Селмани и Мендух Тачи, иако поканети, не дојдоа.
Освен за безбедносната ситуација во земјата, на неформалната средба станало збор и за состојбата во регионот, прашањето за човековите права, малцинските права, како и за интересите на политичките партии.
извор: „Макфакс“