Со средбата помеѓу премиерите, Македонија и Грција почнуваат да го топат мразот, што влева надеж дека ќе се надмине проблемот кој е исправен пред евроатлантските интеграции на земјата, изјави денеска во Охрид претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, кој присуствуваше на потпишувањето на договорот помеѓу Министерството за култура и Амбасадата на САД во Скопје за доделување грант за реставрација на црквата Св. Богородица Перивлепта.
– Симболичмо мразот е пробиен премиерите ќе се сретнат и повторно ќе ја повторам мојата покана до грчкиот претседател да се сретнеме и ние како претседатели. И тогаш, а и сега најавувам, тие средби не се ние да го решиме прашањето, туку да покажеме дека како лидери кои ја водат својата земја имаат разбирање за сите проблеми и воспоставуваат дијалог кој треба да биде еден вид порака до сите луѓе дека постои комуникација. Навистина ова што се случува влева надеж дека ќе се најде решение за спорот кој го имаме со Грција и дека конечно ќе се отворат евро-атлантските перспективи на Македонија, рече Иванов.
Претседателот истакна дека во последно време институциите работат со полн капацитет и имаат усогласени ставови, при што изрази надеж дека со помош, на како што рече, „нашите пријатели ќе ги надминеме проблемите“.
Со положување на свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во училишниот двор на ООУ „Григор Прличев“ продолжуваат чествувањата за ликот и делото на Прличев во рамки на манифестацијата „Прличев...
На денешен ден во 1893 година во Охрид умрел Григор Прличев, еден од темелните македонски писатели од 19 век Љубовта кон книгата Прличев ја добил од неговиот дедо кој му го купил првиот грчки буква...
Променливо облачно, наутро со појава на магла по одделни котлини Во текот на денот ќе преовладува облачно време со повремени локални врнежи од дожд, поинтензивни во западните делови (над 15 l/m2) Н...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.