Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, денеска, се обрати на свеченото отворање на „ТОББ Меѓународниот бизнис форум“ во Истанбул, на кој учествуваат над 1.000 бизнисмени и претставници на меѓународни институции од 85 земји во светот. Централна  тема на форумот е  глобалната економска криза со посебен фокус на улогата на приватниот сектор, како и потребата од зајакнување на претприемништвото и изнаоѓање решенија за надминување на пречките во меѓународната трговија.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, во рамки на работната посета на Турција, вчера во Истанбул имаше работен ручек со раководството на ТУСКОН – Конфедерација на бизнисмените и индустријалци на Турција на кој ги запозна со реформските процеси во Република Македонија и со напорите кои ги прави земјата со цел создавање поповолен бизнис амбиент. Иванов притоа упати повик до членките на ТУСКОН да инвестираат во Република Македонија.

Во Цариградската патријаршија, шефот на македонската држава вчера оствари средба и со вселенскиот патријарх Вартоломеј. Претседателот Иванов ја реафирмираше поканата до вселенскиот патријарх  Вартоломеј да ја посети Република Македонија.

OhridNews