Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, денеска, во Салцбург беше инаугуририан за протектор на Европската академија на науки и уметности  (ЕАНУ).

Со почесната титула, претседателот Иванов се приклучува кон групата заштитници на престижната континентална академска институција во која  патрони се и претседателите на Австрија, Русија, Словачка, Словенија, Грција и на Швајцарската Конфедерација – Хајнц Фишер, Владимир Путин Иван Гашпарович, Данило Тирк, Каролос Папуљас, Дорис Лојтхарт, како и суверените на Шпанија, Белгија и на Луксембург. Почесни сенатори на оваа академска институција се голем број актуелни и поранешни шефови на држави и влади и други високи функционери и видни јавни личности.

Европската академија на науките и уметностите е формирана во 1990 година во Салцбург, со интенција да придонесе за позитивен развој на опшествата и културите во Европа преку интердисциплинарни и наднационални дебати за суштинските проблеми на европско тло и да оствари пионерска интелектуална улога.

Ohridnews