Има време за тоа, кога ќе дојде моментот ќе ја соопштиме одлуката, одговори макеоднскиот претседатле Ѓорге Иванов, одговарајќи на новинарско прашање дали и наредната година на први јануари ќе биде со војцните на АРМ, алудирајќи на претстојните претседателски избори и можноста за повторна кандидатура, пренесува „Макфакс“.
„Желба ни е да ги оствариме нашите стратешки цели Македонија да биде членка на НАТО”, потенцираше притоа претседателот Иванов.
Претседателот на Македонија и Врховен командант на оружените сили Ѓорге Иванов, придружуван од началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески, во средата на 1-ви јануари традиционално ги посети припадниците на Командата за обука и доктрини на АРМ во велешката касарната „Алекса Демниевски – Бауман”.
„Честитајки им ја Новата година од името на граѓаните на Република Македонија им искажувам огромна благодарност за сето она што го прават за Република Македонија обавувајки ги своите обврски”, рече Претседателот Ѓорге Иванов.
Од Велес, Врховниот командант Иванов ја испрати новогодишната честитка до сите припадници на армијата кои се дел од меѓународните мисии.
„Ова е можност и на сите припадници на АРМ кои се во мировни мисии во странство исто така да ги поздравиме и да им ја честитаме Новата Година”, рече Иванов. Притоа потенцираше дека АРМ и годинава останува со познатите приоритети.
Врховниот командант Ѓорге Иванов, началникот на Генералштабот Горанчо Котески и градоначалникот на Велес Славчо Чадиев првојануарскиот ручек го помина заедо војниците од касарната „Алекса Демниевски – Бауман” на кои Иванов им подари телевизор.
OhridNews
извор:„Макфакс“