Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денеска во Вила Билјана во Охрид ќе ги прими лидерите на младинските организации на политичките партии во Република Македонија, кои присуствуваа на првата средба со Претседателот во пресрет на предвремените парламентарни избори, одржани во јуни 2011 година.
 
Целта на средбата е да се разменат мислења и ставови околу текот на предизборната кампања и предизвиците со кои младите политички активисти се соочија во изборниот процес, но и за нивните планови, визии и иницијативи за иднината на Република Македонија, информираат од кабинетот на претседателот.

OhridNews