Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, придружуван од министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денес се во посета на припадниците на полкот за специјални операции на АРМ, кои во Радожда изведуваат обука во летни услови.
Припадниците на ПСО денеска ќе изведат методско-показна тактичка вежба „ Неутрализирање на непријателски пловен објект“, а ќе бидат прикажани и повеќе содржини од обуката на вода како што се: обука во нуркање, совладување на водени пречки и спасување на давеник. Пред гостите ќе биде презентирана нуркачката опрема и друг вид опрема и вооружување за извршување на борбени дејства во вода.
OhridNews