Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска, ќе престојува во работна посета на Република Турција, на покана на Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Предвидено е претседателот Иванов во Истанбул да оствари средба со Претседателот Ердоган, а ќе присуствува и на свеченото отворање на третиот мост над Босфорот „Јавуз Султан Селим“.

OhridNews