„Во денешно време кога моделот на мултикултурализам во Европа не функционира поради односот кон муслиманите, Македонија покажува дека во неа муслиманите и христијаните од секогаш живееле заедно без никакви предрасуди и стравови. Македонија е земја која може да се пофали со нејзиниот специфичен однос кон различитоста.“ – ова го истакна претседателот Ѓорге Иванов во своето предавање на Универзитетот „Мекмастер“ во Хамилтон, Канада, на тема „Мултикултурализам, мултиетницизам и успехот на македонскиот модел“.

Во Отава, претседателот на Република Македонија, како што соопшти неговиот кабинет, ќе оствари средба со спикерот на Претставничкиот дом на Парламентот на Канада, Ендру Шир и средба со спикерот на Сенатот, Ноел Кинсела.
OhridNews












