Поразот пред своите гледачи од Белгија, го примора селекторот на Србија, Синиша Михајловиќ да менува во составот за мечот со Македонија.

Зачудувачка беше одлуката стандардниот репрезентативец и капитен на “орлите“ Бранислав Ивановиќ да го започне натпреварот од клупата а Томовиќ да биде меѓу првите 11 кои истрчаа на “Филил Втори“.

– Селекторот ми објасна, тоа што бев изоставен од стартниот состав беше шок терапија која за жал не успеа. Без разлика, јас секогаш сум тука да помогнам за селекцијата и никогаш нема да ја оставам на цедило. Искрено жал ми е за Томовиќ кој многу напредува но се случуваат такви работи. Пеналот што го направи беше со добра намера – рече Ивановиќ.

Во петтото коло од квалификациите за СП во Бразил, селекцијата на Србија ќе се сретне со Хрватска.

Мх.П.