Основците и средношколците, кои го користат интернетот за комуникација преку социјалните мрежи, треба да имаат предвид дека може да им бидат злоупотребени податоците со што би имале трајни последици, порача денес министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на одбележувањето на Меѓународниот ден за побезбеден интернет.

–    Апелирам да бидете претплазиви со кого комуницирате на социјалните мрежи, двапати размислете што ќе поставите на вашиот фејсбук профил, бидете претплазливи и со кого се поврзувате. Се што правите на интернет има исти последици како во реалниот живот. Доколку злоупотребите нешто на интернет, легислативата е иста и ригорозна, онолку како во реалниот живот, рече Ивановски.
 
За поголема безбедност на интернет, минатата година Владата формираше Советодавно тело со учесници од повеќе институции и невладини организации и усвои акциски план, на база на кој во следниот период ќе се изготви национална стратегија со европски стандарди.

Во наредниот период Министерството за информатичко општество и администрација и Советодавното тело ќе спроведат кампањи за развивање на свеста преку кои родителите и наставниците ќе научат како да препознаат злоупотреби на децата на интернет.

OhridNews