Кошаркарската селекцја на Србија остана без селектор откако искусниот стратег Душан „дуда“ Ивковиќ ја напушти селекцијата.
Со него на клупата репрезентацијата на Србија стигна до седмата позиција на Евробаскетот во Словенија и обезбеди директен пласман на следното Светско првенство.
Ивковиќ на селекторската клупа од Србија беше од 2008 година, а напоредно ги водеше екпите Динамо Москва и Олимпијакос. Тој „орлите“ ги одведе на три европски шампионати и еден свески собир, а од ЕП во Полска 2009 го освоија сребрениот медал.
Македонската селекција која беше дел од Евробаскетот во Словенија во групната фаза успеа да ја победи само Србија предводена од сега екс-селекторот Ивковиќ.
Мх.П.